Почина вториот параглајдерист, се работи за странски државјани

Илустрација

Вториот параглајдерист, тешко повреден во несреќата кај Мечкин Камен, починал во болницата во Прилеп.

Се работи за двајца странски државјани, од кои едниот загина на лице место на настанот, а вториот беше повреден. Вториот параглајдерист починал неколку часа по настанот, како последица на сериозните повреди.

Од МВР, засега не соопштуваат други детали за настанот.

Полицијата направи увид на местото на несреќата.

- Реклама -