Почина „Тони Сопрано”

Актерот Џејмс Гандолфини, познат како Тони Сопрано во легендарната серија „The Sopranos”, почина во Италија на 51-годишна возраст.

Тој бил во Сицилија каде што го следел  59-то издание на Филмскиот фестивал Таормина. Според Daily News причината за смртта е срцев удар.

Актерот има освоено 3 Еми награди за главната улога во серијалот „The Sopranos”. Неколку години по ред ја воодушевуваше телевизиската публика ширум светот со неговата улога како мафијашки бос.

Според многумина улогата што ја изигра Гандолфини во „Сопранови” слободно може да се носи рамо до рамо со Марлон Брандо во „Кум”.
sopranos

Покрај улогата во „Сопранови”, Гандофини глумеше во многу други филмови, вклучувајќи ги и “Get Shorty”, “The Mexican” и “Zero Dark Thirty”.

Џејмс Гандолфини како личност беше многу скромен и срамежлив, секогаш бегајќи од светлата на Холивуд. Тој беше оженет со Дебора Лин, со кого имаше деветмесечна ќеркичка.
film-critics

- Реклама -