26-годишната манекенка, која соработувала и со Прада и со Лореал, е пронајдена мртва…
Чешкиот модел Катерина Нетоличка е пронајдена мртва во својот стан, во кој живеела со својот дечко, хокеарот Јаков Петружалек, пренесува Daily Mail. Пронајдена е мртва во када, а телото било пронајдено од нејзиниот брат кој дошол во посета, откако таа не одговарала на повиците.
Покрај нејзиното тело, пронајдени се и телата на нејзините две кучиња. Кога се случил несреќниот настан, нејзиниот дечко Јаков играл натпревар во Русија.
Пријателите на починатата манекенка откриле дека таа страдала од депресија и била склона на самоповредување.
„Во еден момент беше толку многу среќна, еуфорична, а понекогаш многу депресивна и се самоповредуваше себеси“, открил извор.