Уште еден познат музичар почина на почетокот од годинава. Основачот на групата “Earth, Wind & Fire” Морис Вајт почина на 74 годишна возраст во својот дом во Лос Анџелес.
Соопштението беше објавено на Facebook од страна на неговиот брат и партнер во групата Вердин Вајт. Морис со години страдаше од Паркинсоновата болест.
Вајт ја основа “Earth, Wind & Fire” кон крајот на 60-тите години.
“Earth, Wind & Fire” има освоено шест “Греми” награди и 90 милиони продадени албуми ширум светот.