Почина филмската легенда Лорен Бекол

По смртта на актерот Робин Вилијамс, почина уште една култна актерка.

Се работи за Лорен Бакол која што го покори срцето на Хемфри Богарт на екранот и надвор од него, почина на 89-годишна возраст, пренесе Ројтерс. Легендата починала од масивен мозочен удар.

Холивудската легенда останува во историјата со филмовите „Да имаш и да немаш”, „Големиот сон”, „Ки Ларго”, “Убиство во Ориент експрес” и „Мизери”.Гледачите ќе ја запомнат по нејзиниот рапав глас и харизматичното присуство на интелигентна и глацијална убавица.

Бакол беше сопруга на Богарт од 1945 година до смртта на актерот во 1957 година, а заедно   имаа две деца.

bogiebacall

Вистинското име на Лорен Бекол беше Бети Џоан Парски, а екранскиот прекар таа го доби од режисерот Хауард Хокс. Токму тој беше виновен за нејзиното  прво учество на филм, кога актерката имаше само 19 години.

По смртта на Хемфри Богарт од рак,  Лорен  имаше врска со Френк Синатра и 8-годишен брак со актерот Џејсон Робардс од кого го има синот Сем, исто актер.

Лорен Бакол се снима во над 30 филма. Меѓу екранот нејзините партнери се Кирк Даглас, Пол Њумен, Џон Вејн, Барбра Стрейзанд. Актисата има награда “Златен глобус” и други признанија, но така и не добива наградата “Оскар”.

lauren-bacall-Oggi-Today-star-Then & Now-Now-Hot-Height-Altezza-feet-naked-meteore-drug-Old-Dead-Morto-last appearance-Last photos-where-are-they-now-2012-2013-2014-attori bambini-Kids-celebrities-celebrity (2)

- Реклама -