Почина бугарскиот историчар, антимакедонистот Божидар Димитров

Историчарот, археолог и поранешен директор на Националниот историски музеј на Бугарија, Божидар Димитров, починал вчера во Софија на 72-годишна возраст.

Тој во македонската и бугарската јавност стана познат по неговите пропагандни антимакедонски тврдења, односно цел живот негуваше став дека Македонците имаат историско бугарски идентитет.

Според бугарските медиуми, тој починал од срцев удар пред зградата во која живеел.

Димитров уште од осамостојувањето на Македонија јавно се залагаше дека нашата држава и Бугарија имаат еден ист и заеднички етнички идентитет.

Е.Д.

- Реклама -