Ричард Киел почина во средата попладне во болницата Свети Агнес во Калифорнија, на 75 години.
Според американските медиуми, во болницата наводно бил примен поради фрактура на нозете, но вистинската причина за смртта се уште не е дефинирана. Неговата смрт беше потврдена од портпаролката на болницата во која ги поминал последните моменти, пишува TMZ.
Обожавателите засекогаш ќе го паметат по неговата улога на негативецот со челични заби со името Ајкула, кој глумеше во филмот „Шпионот кој ме сакаше“, десетиот дел од серија филмовите за тајниот британски агент од тајната служба MI6, Џејмс Бонд. Тоа беше улогата која ја обележа неговата актерска кариера.
Освен по улгата во филот на Џејмс Бонд, Киел, кој беше исклучително висок, дури 218,4 сантиметри, глумел и со Адам Сендлер во „Happy Gilmor“. Беше во брак со Дајан Роџерс, со која имал четири деца.