По товарниот, прекинат и патничкиот сообраќај во Железници

По вчерашниот прекин на товарниот железнички сообраќај, денес не сообраќаат ниту патничките возови, поради тоа што вработените бараат исплата на дел од платата за октомври.

Машиновозач потврди дека сите возови денес нема да сообраќаат, а утрово тргнал само еден патнички воз од Скопје за Гевгелија, бидејќи колегата не го испочитувал договорот за бојкотирање на работата.

Исто така, прекинот на железничкиот сообраќај ќе трае до исполнување на барањата на вработените. Ним им била ветена средба во Владата, но прво да се нормализира сообраќајот, услов што тие не го прифатиле.

Според изјавите на вработените вклучени во прекинот на железничкиот сообраќај, зад протестот не стојат синдикалните организации.

- Реклама -