Знаете ли кои холивудски заводници имаат врски само со модели? Сега се откриени!
1. Музичарот Адам Левин од групата Maroon 5, кој моментално е во врска со Бехати Принсло, една од ангелите на Victoria’s Secret, зад себе има листа на убавици кои со него се појавуваат на црвените теписи, а една од најпознате е фаталната Ана В.
2. Орландо Блум, секогаш на листата на најпосакуваните мажи, пред неколку години ја скрати убавицата од Victoria’s Secret, неодоливата Миранда Кер. Пред неа се гледал со Кејт Босворт.
3. Брус Вилис, легендата од филмовите „Умри машки“, по разводот со Деми Мур бил во врска исклучиво со модели. Исто така беше и неговата втора сопруга Ема Хеминг, позната манекенка. Пред неа бил со убавицата Брук Бурк, Марија Браво Росадо и Емили Сандберг.
4.Џорџ Клуни, вечниот ерген, сака убави жени, а речиси сите го сакаат него. Освен врски со спортиската и манекенката Стејси Киеблер, Џорџ бил со модели како Лиса Сноуден и Елизабета Каналис.
5. Леонардо ди Каприо, главниот шармер во Холивуд, како што старее така поубаво изгледа. Жените едноставно го обожаваат, а и тој зад себе има листа на манекенки со кои бил во врска- Жизел Бунчен, Бар Рафаели, Ерин Хетхертон.