По шестгодишна врска пејачот и манекенката го кажа судбоносното „да“ на луксузна свадба во Италија.
Свадбената церемонија на Џон Леџенд и манекенката Криси Тајген се одржа во луксузна вила на брегот на италијанското езеро Комо, а 34-годишниот пејач и 27-годишната манекенка споделија приватни моменти со фановите.
Криси објавила фотографија од една од нејзините венчаници, дело на дизајнерката Вера Ванг.
„Бев сериозна кога кажав дека нема да биде лесно да не споделам некои моменти со вас. Ве сакам“, порачала Криси која во текот на вечерта се пресоблекла дури три пати, а сите венчаници биле со потписот на Вера Ванг.
„Секој пат кога одев на проба кај Вера Ванг, ќе видев венчаница која ми беше едноставно неодолива. Сите се многу убави, не можев да се одлучам“, неодамна изјави манекенката.
Погледнете повеќе фотографии од луксузната свадба