По 25 години повторно се заедно- Вака изгледаат денес

Филмот е тој кој ја одреди целата генерација и модерната приказна за Пепелашка која и понатаму подигнува контроверзии- особено кога се работи за проститутка и богат бизнисмен.Screenshot_9

Поминаа 25 години (верувале или не) откога Ричард Гир ја спаси Џулија Робертс во филмот „Убава жена“ (Pretty Woman), а сега целата актерска екипа повторно се најде на исто место. Приказната на Гери Маршал за богатиот бизнисмен кој се заљубува во убава проститутка и денес со задоволство е гледана, а улогата ја прослави Џулија Робертс на почетокот на кариерата.

Screenshot_8

Актерската екипа се појави во заедничко интервју за NBC, а сподели и некои до сега непознати детали од снимањето.

Screenshot_11

Екипата на филмот: Хектор Елизондо, Лора Сан Џакомо, Гери Маршал, Мет Лауер, Џулија Робертс и Ричард Гир.

Screenshot_10

Кој не се сеќава на заедничкото бањање, купувањето по улиците на Беверли Хилс, одењето во опера или големото финале кога Гир со пожарникарна кола доаѓа по жената која ја сака! Не треба ни да спомнуваме колку голем хит беше насловната песна.

- Реклама -