Новите десет епизоди на Твин Пикс ги режираше Дејвид Линч.
Американскиот режисер Дејвид Линч во понеделникот ја израдува публиката на култната телевизиска серија „Twin Peaks“, најавувајќи враќање на истата на малите екрани во 2016 година, 25 години по емитувањето на последната епизода.
„Драги пријатели на Твитер… тоа ќе се случи повторно“, објавил Линч на популарната социјална мрежа, покрај трејлерот со Лара Палмер, знакот „Добредојдовте во Твин Пикс“, логото на телевизиската мрежа Showtime и датумот 2016 година.
Showtime за печатот најави враќање на серијата во 2016 година, 25 години по емитувањето на последната епизода од серијата.
Авторите Дејвид Линч и Марк Фрост ги напишале и продуцирале сите девет нови епизоди кој се случуваат во сегашноста и ќе им понудат на „страствените обожаватели на серијата долгоочекуваните одговори“, соопштиле од Showtime.
Линч ќе ги режира сите девет епизоди, се додава во соопштението.
„Таинствениот и посебен свет на Твин Пикс повторно не привлекува кон себе“, изјавиле во заедничката изјава Линч и Фрост, кои кон крајот на минатата недела со интересната објава на Твитер предизвикаа бура кај ТВ блоговите.
Информациите за кастингот не се објавени а изворни се, меѓу останатите, Кајл Меклахлан во улогата на ФБИ агент Дејл Купер, и Лара Флин Бојл и Џоан Чен, потсетува агенцијата AFP.
Пред емитувањето на новите епизоди Showtime повторно ќе ги емитува првите две сезони од серијата, кои прв пат биле прикажани на ABC во 1990 и 1991 година. Подоцна беше снимен и филмот „Twin Peaks: Fire Walk with Me“.