И години по разводот, минатото и понатаму ја следи славната пријателка.
Што и да прави и со кој и да е таа, на крај прашањето секогаш се враќа на разводот со Бред Пит.
Џенифер Анистон сега и проговори за разводот со познатиот актер, кој пред десет години ја остави за Анџелина Џоли.
„Разводот не беше толку болен. Ме следи бидејќи таа приказна е интересна за медиумите и публиката, сето тоа е малку претерано“, рекла Анистон во интервју за CBS. И покрај тоа што било пишувано од страна на американските медиуми дека тие не се поднесуваат по разводот, се чини дека вистината е поинаква.
„Си посакавме добри желби еден кон друг по разводот, но не сме постојано во контакт“, рекла Џен.
Во едно од ретките отворени интервјуа, таа зборувала за својот свршеник Џастин Тери и постојаните гласини дека раскинале.
„Ние ја знаеме својата вистина, само гласините се постојани“, вели познатата актерка која и понатаму е една од најпопуларните во Холивуд, а се шушка дека можна е голема награда благодарение на нејзината улога во драмата „Cake“.