Признајте! Не постои нешто што повеќе го посакувате во моментов од тоа да се наоѓате на некоја прекрасна плажа, да го чувствувате ситниот песок на прстите, да пливате во тиркизна вода и да ги слушате брановите како се кршат од брегот… За жал, во моментов повеќето се наоѓате некаде во вашиот дом или канцеларија, досадувајќи се затскриени зад темните завеси и мечтаејќи за сето она погоре. Сепак, не е се така сиво, бидејќи летото туку што започна и е пред вас, па имате доволно време за да испланирате каде ќе одморите оваа година. Во меѓувреме, ние ви прикажуваме галерија од прекрасни хоризонти и волшебни плажи ширум светот, кој секој би сакал да ги посети.