PlayStation 4 сепак стигнува напролет?

По бројните медиумски шпекулации и демантирања на претставниците на компанијата Sony, потпретседателот на јапонскиот гигант, Хориши Сакамото, најави дека новата конзола, PlayStation 4, сепак, ќе биде претставена оваа година. Сакамото во разговор за чилеанскиот сајт „Емол“ рекол дека компанијата би можела да го претстави новиот уред во мај или на саемот „Е3“ во јуни.

„Тоа сѐ уште е голема тајна, но нашите луѓе работат на PlayStation 4. Можам да кажам само дека сме фокусирани на саемот „Е3“ што ќе се одржи во јуни. Претставувањето на новиот уред би требало да се случи тогаш, а може дури во мај“, рекол Сакамото.

next-gen-playstation-4-orbis

Се шпекулира дека PS4 е во развој под името „Орбис“ и дека ќе има AMD A8-3850 чип со quad-core 2,9GHz процесор и графичка картичка од 1GHz, како и 1GB меморија.Ќе може да прикажува игри во 4К резолуција, ќе поддржува Blu-Ray, а ќе се продава по прифатлива цена, а медиумите спомнуваат цифра од 400 долари.

PS4-concept

Компанијата Microsoft, исто така, би требало да ја претстави новата генерација Xbox – 720, кој се развива под кодното име „Thebes” или „Durango”. Новата генерација на Xbox би требало да има два процесори, еден за игри и еден за апликација, како и Kinect 2.0 3D технологија и долгоочекуваниот Xbox TV.

Sony и Microsoft сѐ уште официјално не ги потврдиле плановите за новите конзоли.

- Реклама -