Пластичните операции на Џенифер Анистон

Весело и интересно Џенифер ја започна својата кариера во 1990 година со  улоги во серии и филмови. Во тоа време актерката личеше повеќе на „девојка од соседството”, отколку на  ѕвезда која блеска каде и да се појави.

Кружно лице,  крупен нос, широки веѓи… Но Џенифер секогаш сакала да се шегува и да се смее, а потоа во нејзините очи светот најде  искра која  публиката ја заска. Со тоа Анистон ја стекна својата улога на Рејчел Грин во серијалот„”Пријатели”. Но, славата, успехот и написите во печатот ја претворија Џенифер во пример. Многу жени започнуваа да бараат фризура „како на Рејчел”, а машките магазини веќе започнаа  да ја вклучуваат  актерката во листата на најсекси жени.

Нос

Тогаш Анистон одлучи да промени една од цртите, кои не и се допаѓаа  кај себе – носот. Хирурзите тврдат дека ја  направила првата операција, кога почнала да игра во серијата. Џенифер сепак не била  задоволна од резултатот и 12 години подоцна, во 2008 година, направила втор обид за корекција. Актерката вели дека операцијата била само за исправување на искривената пречка во носот, која ја спречувала да дише нормално. Но, експертите забележуваат дека по хируршката интервенција врвот на носот на актерката станал тесен, што е чисто естетска корекција. Впрочем „носот како на Анистон” стана популарен меѓу обожавателките  не помалку од хит фризурата, па така многу клиентки го даваат за пример, кога разговараат со пластичните хирурзи.

Гради

Во исто време Џенифер го направила и вториот чекор кон совршенството, традиционален за Холивуд – зголемување на градите. Според злите јазици актерката ја донела одлуката за да се здобие со раскошни форми по разделбата со Бред Пит, бидејќи постојано ја  споредуваат со Анџелина Џоли, па  развила куп комплекси. Операцијата одигра улогата на своевидна терапија. Пријателите на Анистон се обидоа да ги демантираат овие гласини, велејќи дека актерката едноставно почнала да носи градници со “пуш-ап” ефект. Видете ги  сликите и заклучете сами!

- Реклама -