Звукот на отворањето на пивото постана синоним за пиењето на истото, меѓутоа се чини дека на повеќето „пивопивци“ подраго им е да пијат од стаклена чаша. Но, дали се стаклените чаши подобри од лименките?
Повеќето луѓе сакаат вкусот на нивното омилено пиво да биде проследен со амбалажа која им одговара а стаклените флаши едноставно изгледаат подобро и пософистицирано од конзервите.
Меѓутоа, доколку квалитетот е она што навистина сакате да го ставите во преден план, лименките се значително подобри од стаклените чаши. Контактот со воздухот не е единствената работа која може да направи пивото да има изветреан вкус, светлото го има истиот ефект.
Светлото му штети на пивото и му дава непријатен мирис доколку е премногу изложено. Токму поради ова повеќето флаши за пиво се во кафена или темно зелена боја. Меѓутоа, светлоста и понатаму може да продре.
Од друга страна пак, ништо не ја блокира светлоста така ефективно како лист метал. Тоа е нешто што лименките за пиво го прават совршено.
Лименките се поевтини за транспорт од стаклените шишиња и се значително полесни за рециклирање. Доколку несакајќи ви падне лименката со пиво од раце, таа нема да се искрши и распрсне.
Од истражувањата погоре може да се заклучи дека доколку ви е важна планетата, и уживате во вистинскиот вкус на пивото, лименките се правилното решение. Но, доколку навистина не сакате пиво од лименка, секогаш можете да го пресипете во стаклена чаша.