Пита од вишни

Состојки

600g готови кори

800g вишни

450g шеќер

200g масло

250g посни бисквити

Подготовка

Готовите тенки кори се делат, така што за секоја пита имате по три кори. Меѓу корите ставате масло и мелени посни бисквити. На третата кора ставате зашеќерени вишни и  распоредете ги  во долниот дел на кората,па завиткајте ги во ролат. Попрскајте со масло, додадете бисквити и силно свиткајте  ги во ролат трите  кори. Истата постапка со редењето на корите важи за секоја пита, додека имате кори. Редете во маслинеста тепсија и премачкајте со масло. Питата се пече на умерена температура во претходно загреана рерна.

- Реклама -