Она малку кое што го знаеме за потонувањето на Титаник, го знаеме од приказните на оние малку преживеани патници од бродот.Но, неодамна беше откриено писмо на француска собарка која што ја преживеала трагедијата.
Ова писмо се појави на сајтот Redit, а го закачил корисник кој што тврди дека го купил писмото на аукција бидејќи сакал да го преведе на англиски јазик.
Роуз Амели Икард, која го преживеала „Титаник“, е автор на ова писмо долго дури 10 страни.
Писмото е датирано на 8. август 1955 година.
Според писмото, Икард била собарка на богат американски патник, Џорџ Нелсон Стон, вдовец кој што работел како директор на компанијата Sinsenati Bel Telefon. Тој патувал до Њујорк.
Писмото на Икард било напишано 43 години по тонењето на бродот и адресирано до нејзината ќерка и уште еден преживеан, кој што неодамна починал, пишува Hafington post.
Доколку е автентично, писмото дава информации за језивите моменти кога патниците дознале дека бродот тоне.
– Во овој момент присуствувавме на незаборавни сцени во кои хоророт се мешаше со неверојатен хероизам. Жените, уште во вечерни тоалети, некои тогаш стануваа од кревет, едвај облечени, дезоријентирани, трчаа во паника низ бродот. Командантот Смит велеше: „ Жените и децата прво“, пишува во ова писмо.
На шестата страна Икард опишува како еден заљубен пар одбива да се раздели, што потсетува на сцената од Титаник, филмот.
– Крај мене беа двајца многу згодни и постари луѓе. Господин и госпоѓа Стаус, сопственици на големата работилница Мејсис од Њујорк. Таа и помогна на својата служителка да влезе во чамецот за спасување, но самата одби да влзе во него. Ги стави рацете околу вратот на својот сопруг и му рече: „ Во брак сме 50 години, никогаш не сме останале еден без друг, јас сакам да умрам со тебе“.
На осмата страна во писмото, Икард ја опишува сцената на влегување во чамецот за спасување.
– Одеднаш беше темица, сосема темно и непроменливо, вресоци, грозна слика, а ружи растеа на средината на пукнатината на чамецот. Тоа беше тоа… Понекогаш, после 43 години од трагедијата…се уште го сонувам сето тоа, стои во писмото.
Икард починала во јули 1964. година во Франција.
Целото писмо, можете да го видите ТУКА.