Писмо на американски писател до неговиот син

Најдобро е, се осмелувам да кажам, прво да научиш нешто доволно добро за да може секогаш да заработуваш за живот со него. 

Изгледа дека Боб напредува во весникарскиот бизнис и има добиено второ покачување на платата. Тој одлично заработува, иако работи во помал град. Што се однесува до научните области, секоја од нив бара долго учење и комплицирана адаптација. Ако си создаден за тоа, ништо не би можело да биде подобро за тебе. На долг рок, ќе треба да ја пронајдеш својата одлука.

Уметностите, кои веројатно му носат повеќе задоволство на човекот, се неизвесни. Тешко е да се заработи за живот. Сепак, ако можам да се родам  повторно, претпоставувам сепак би избрал да сум писател, но сигурен сум дека прво би се погрижил да научам да работам со рацете. Ништо не испорачува толку задоволство како завршена работа.

Пред сè, избегнувај да земаш совети од мажи кои што не мислат и не знаат  што зборуваат. Повеќето ситни бизнисмени едноставно велат „Гледај ме”. Мислат дека ако имаат освоено некакви пари можат да даваат совети на секој.

Следниот чекор е изградба на добар вкус. Тоа е тешко, а процесот – бавен. На малкумина им успева. Ова ја чини  целата разлика во светот. Секогаш ме изненадува колку малку уметници се разбираат од цртање, писатели – од пишување, трговци – од бизнис, производители – од производство. Повеќето луѓе едноставно се носат по течението. Тоа е лукавство на лисицата по кокошката. Таа секогаш е придружувана од нискиот интелект. Пред сè сакам ти сам да ги видиш овие мажи од прва рака. Тоа би ти помогнало повеќе од сè. Како да успееш лесно, јас не знам. Можеби има начин.

Ќе се видиме ова лето.

Со љубов, Тато

Писмо на американскиот писател Шъруд Андерсон до 17-годишниот син
Шервуд Андерсон ( 13.09.1876 – 8.3.1941)
- Реклама -