Сѐ за белиот спорт: Пипа Мидлтон стана колумнист за „Vanity Fair“

Во текстот Пипа открива кои играчи се убави за око, пишува за нејзините тениски искуства, а ќе има и интервју со Роџер Федерер.

Помладата сестра на војвотката од Кембриџ, Пипа Мидлтон ќе пишува за угледниот магазин „Vanity Fair“.

Сестрата на Кејт Мидлтон ќе пишува за турнирот во Вимблдон за јулското издание на магазинот. 29-годишната Пипа ќе им открие на читателите кои играчи се „убави за око“, пишува за нејзините искуства во тенисот, а ќе има и интервју со Роџер Федерер.

Pippa-Middleton-White-Tennis-Outfit-Vanity-Fair-July-201301

„Таа е одличен набљудувач на класичната британска забава“, рекол уредникот Грејдон Картер.

„Исто така таа е спортистка и се радуваме на нејзините текстови за традиционалната англиска разонода, почнувајќи од Вимблдон“.

Во февруари Пипа почна да пишува колумни за месечникот „Waitrose kitchen“, а лани издаде водич за организирање забави „Celebrate: A Year of British Festivities for Families and Friends“.

pippa book

 

- Реклама -