Потребни намирници:
700 грама пилешко бело месо
1 кисела павлака
4 јајца
300 грама шунка (може замена пилешка шунка)
300 грама кашкавал
Малку бибер
Малку мешан зачин
Подготовка:
Во подмачкан огноотпорен сад се реди исчукано и зачинето пилешко бело месо потоа ред тенко исечена шунка и ред рендан кашкавал. Постапката се повторува уште еднаш. Се матат павлаката и јајцата и се прелива одозгора.
Се пече на 200 степени околу 40 минути
Се предлага за семеен ручек во комбинација со бело вино.
Пријатно семејно расположение