Пијаниот Лијам Галагер нападнал мало куче во еден паб. Тој се обидел да го „јавне“ како коњ.
„Лијам во моментот беше „прегазен“ од алкохолот. Правеше нереди и се дереше како тој е најдобриот џокеј во Британија додека се обидуваше да го јавне кутрото куче кое беше преплашено“, изјавил еден од очевидците.
Галагер се забавувал со пријателите и со сопругата Никол во еден паб. Тие цела ноќ пиеле шампањ и виски, се качувале по шанкот и биле бучни.
Рокерот одеднаш започнал да трча по кучето кое се нашло во пабот. Се фрлил кон него како голман и се обидел да го јавне.
Откако не му тргнало од рака, станал, се избришал и нарачал уште една пијачка. На крајот бил толку пијан што излегол од пабот заборавајќи да ја плати сметката, меѓутоа келнерот го стигнал, по што Галагер се извинил и му дал пари порачувајќи му дека повторно ќе дојде на журка.