Пијалок кој ќе ви го „убие“ апетитот

Најголемиот проблем кој ни пркоси во целта да ги намалиме вишокот килограми, најчесто е желбата за јадење со која обичниот човек тешко се справува.

Храната која е богата со целулоза, лесно може да не засити, без притоа да размислуваме за огромниот број внесени калории. Во продолжение, ви го претставуваме овој чудесен пијалок кој предизвикува намалување на апетитот.

Подготовка:

Помешајте три лажици хељдино брашно во една чаша ладна вода. На страна ставете еден литар вода да зоврие, и во неа постепено додавајте ја чашата со хељдино брашно. Се добро промешајте и оставете го садот на тивок оган повремено мешајќи пет до седум минути. Кога пијалокот ќе се излади, можете да додадете една лажица мед. Чувајте во фрижидер и пијте по една чаша пред јадењето.

- Реклама -