Пицата никогаш не била толку убава. Сопственик на ресторан создава специјални портрети на познати личности,a неговото платно е тестото за пица.Како боја користи доматен сос и кашкавал, а резултатите се исклучително вкусни. Во неговите пицерии Bella Napoli и Pizza Couture Италијанецот, роден во Битанија, Доменико Крол, редовно прави дизајнерски пици. Цената е 250 фунти или 290 евра. Тој приходите од овие пици-слики ги дава за добротворни цели, а времето што му е потребно за нивното создавање, е околу два часа, во зависност од сликата. „Методот кој го користам е едноставен, но бара уметнички вештини”, вели тој.
Погледнете дел од неговите најинтересни дела:
Доменико Крол (десно) и неговиот тим доставуваат пица со портретот на Роби Вилијамс пред пицеријата Bella Napoli .
Дел од делата на пицерија со ликот на познати личности. Материјалите кои ги користи, се класични: тесто за пица, доматен сос и кашкавал.
Доменико Крол претставува пица со ликот на Рияна, на која се сетил да и стави дури и обетка на увото.
Модниот цар Карл Лагерфелд во рацете на мајсторот на пици со портрети.
Некои ѕвезди доаѓаат во пицерија, за да му заблагодарат за необичниот портрет: Кристијано Роналдо е еден од нив.
Дури модниот дизајнер Том Форд беше претставен како пица.
Понатаму, погледнете ги портретите на Монализа, Бијонсе, Мерлин Монро, Обама, па дури и Папата Францис.