Пет трикови како да избегнете прејадување

Во продолжение ќе ви откриеме неколку трикови како да избегнете прејадување и да јадете само онолку колку што е потребно.

1.Пијте мали голтки

Консумирањето мали количини течности помага да изедеме помалку храна, покажа едно најново истражување. Оние кои во истражувањето ја консумирале супата во мали голтки испиле 30 отсто помалку супа од оние кои го консумирале со поголеми голтки.

2.Одберете храна со јак мирис

Храната со специфичен интензивен мирис може да ни помогне да се запреме со претерување во јадењето. Учесниците во студијата за вкусовите добиле пудинг од ванила со различен интензитет на мирис. Кога мирисот бил појак, јаделе помали порции.

spicy_food

3.Сервирајте на чинии со контрасни бои

Ако сакате да изедете помалку компири или тестенини, не одбирајте бела чинија. Изборот на чинија со боја која се разликува од храната помага на неа да ставиме помалку храна.

Прочитајте и:  Храна која може да доведе до затнување на артериите

4.Помали чинии

Ќе имате чувство дека сте изеле повеќе и на тој начин може да го намалите консумирањето храна за 20 отсто.

20100309-Small-plates-Japan

5.Пригушете го светлото и стишете ја музиката

Една студија спроведена во ресторан покажала дека пригушеното светло и тивката музика ги смирува гостите и во таков амбиент јадат околу 175 калории помалку од вообичаено, што е скоро 18 отсто помалку изедена храна. За ова не мора да посетите ресторан. Истата атмосфера може да ја направите дома.

- Реклама -