Пет работи кои сигурно не сте ги знаеле за познатите Дизни ликови

Сите сме имале ( или уште имаме) период од животот кога сме луди по цртани филмови.

Луѓе низ целиот свет пораснале со приказните за Пепелашка, Снежана, Петар Пан, Пинокио… Ви носиме пет факти кои сигурно не сте ги знаеле за познатите Дизни цртани филмови.

1. Пепелашка, 1950 година

Илен Вудс била пријателка со композиторот на „Пепелашка“, кој ја замолил да сними демо верзија од неговите песни, но не ѝ кажале со каква цел. Кога снимките ги дале на Волт Дизни, тој од повеќето од 400 актерки кои се пријавиле на аудиција за улогата, ја одбрал Вудс како глас на Пепелашка.

2. Алиса во земјата на чудата, 1951 година

Песната ‘Beyond the Laughing Sky’, која е напишана за цртаниот филм за Алиса, е исфрлена од истоимениот цртан. Но, истата мелодија е употребена за песна на новиот Дизни цртан филм- „Петар Пан“. Така настанала ‘The Second Star to the Right’ и сеуште е вклучен стихот ‘beyond the laughing sky’.

3. Петар Пан, 1953 година

Скицата за Ѕвончицата на Дизни од 1952 година наводно е нацртана според ликот на Мерлин Монро. Особено е спорна нејзината женствена фигура со премногу нагласената сексуалност. Дизни на крај открил дека Ѕвончица е моделирана според актерката Маргарет Кери. Можеби ликот на Ѕвончица е тешко да се поврзе со секс симболот, но познатите личности како инспирација за анимираните филмови тогаш биле честа појава.

4. Заспаната убавица, 1959 година

Иако таа е главната хероина, принцезата Аурора се појавува само 18 минути во цртаниот филм и има само 18 реченици во дијалозите (во тоа не ги вбројуваме нејзините две песни).

5. Убавицата и ѕверот, 1991 година

На почетокот Бела требало да биде агресивен и самостоен карактерси лик, но продуцентите на крајот сепак одлучиле да се направи според примерот на Кетрин Хепберн и нејзината улога Џо Марш во филмот ‘Little Women’ од 1993 година.

- Реклама -