Пет години не платил сметка во ресторан

Што ќе беше убаво да се најадевме во ресторан и да станевме да си одиме, без делот со сметката. Џереми Хет го правел токму тоа цели пет години со помош на една мала измама.

Цели пет години Џереми јадел и пиел по Лондонските ресторани и кога ќе дошло време да ја плати сметката, почнувал да глуми дека има болки во градите и левата рака и набргу се “онесвестувал”. Поради симптомите што ги глумел, сите мислеле дека има срцев удар и барале брза помош, а кога ќе стигнел во болница, по краток преглед го пуштале да си оди, зошто ништо не му било.

Го откриле многу едноставно. Компанија за надгледување на локали, го снимила како два пати во ист ден ја прави истата измама. Осуден е на пола година затвор.
jeremy-heath-640x480

- Реклама -