Создавањето на Смауг, змејот со димензиите на авион и најголемата ѕвезда во филмот „Хобитот“, беше многу голем процес. Еве пет работи кои можеби не ги знаевте за огромниот ѕвер, кој им помогна на „Хобитите” да го растурат бокс офисот.
1. Базиран е на човек
Британскиот актер Бенедикт Камбербач ги запишал дрвижењата на Смауг, особено изразите на лицето.Летер Џо кој бил одговорен за визуелните ефекти, истакнал дека змејот се базира врз гласот на актерот.
2. Физиката на движење
Откако екипата завршила со личноста на змејот, тие преминале на неговото тело, кое е покриено со мртва кожа и лузни, кои покажуваат колку е стар. Ова сепак значело дека треба многу да внимаваат со физиката и како сите овие детали по Смауг изгледаат и се движат, додека змејот ползи низ милионите златници.
3. Устата на змејот била потешка
„Тој има огромна вилица, која е различна од човечката. Она што човекот го прави за изговарањето на еден слог, кај змејот е еквивалентно на едно навистина големо движење. ”
4. Има оган во очите и градите
Очите на Смог се менуваат според емоцијата – во сцените со дијалог се гледа одразот во нив, но кога змејот е лут, очите му светат како вжештен јаглен. А кога се подготвува да исфрлува оган од устата, градите се разгоруваат до црвено.
5. Многу култури имаат влијание на неговиот изглед
При дизајнот на Смог, тој воглавно има класично европско емитување, но е позајмен и долгиот азиски змеј од легендите. „Прво ни падна на памет дека треба да има навистина големи гради, ако сакаме да е моќен, но потоа сфативме дека, ако сакаме да лизга по златото, треба да е послаб и издолжен“, велат неговите креатори.