Дали некогаш сте се запрашале кои се „луѓето зад сцената“ кои на другите им прават кариери од хит сингловите? Еден од нив е некогашниот член на фанк метал бенд, Макс Мартин кој е творец на некои од најголемите хитови некогаш!
„Ја создал“ Britney Spears, машкиот бенд Backstreet Boys, работел со Michael Jackson, Christina Aguilera, Ace of base, Justin Bieber, N Sync, Pink, составот Apocalyptica, James Blunt, бендот Bullet for my Valentine… листата е премногу долга, пишува Мondo.
Интересно е дека овој текстописец и продуцент од Шведска, своевремено не успеал да направи хит со својот метал бенд It’s alive, а сега е „тежок“ неколку милиони долари. Неодамна на YouTube каналот се појави компилација од „неговите“ најголеми хитови, па слушнете ги.