Песни без кои не може да поминат Новогодишните прзаници!

Ако не ви беа доволни Божиќните песни кои секојдневно ги пуштаат на радио станиците изминатиов месец, ние ги собравме за вас на едно место само најдобрите обработки и останатите класици!
Во декември овие прегледи можат да бидат одлична основа за загревање пред Новогодишните прославувања, а во исто време не потсетуваат зошто ги славиме овие празници. Уживајте во нашата селекција, веселете се и ширете го празничниот дух.

Највпечатливото Божиќно издание секако го направи младиот и популарниот Џастин Бибер, со неговиот хит ‘Under the Mistletoe’ е еден од најпрегледуваните синглови.

Лејди Гага има Божиќен хит ‘White Christmas’, класичната позната песна која ја претстави во ново светло, во која Гага додала нов стих.

Освен тоа, Џастин Бибер и Мараја Кери заедно направиле обработка на популарниот божиќен хит ‘All I Want For Christmas Is You’.

Иако групата повеќе не постои, The Darkness има божиќен хит ‘Christmas Time’.

Queen сеуште остава насмевка на нашите лица со нивната песна ‘Thank God It’s Christmas’, а Ленон ни ја враќа надежта со ‘War Is Over’.

Една од најомилените Божиќни песни е онаа на The Poguesa ‘Fairytale of New York’, а на листата се најде и Божиќниот албум на Michaela Bublea, често споредуван како современиот Френк Синатра.

- Реклама -