Песна што не излегува од глава

Сигурно ви се случило да слушнете некоја песна и после цел ден да си ја потпевнувате.

Но, замислете да не ви излезе од глава три години. Сузан Рут вели дека не може да спие поради тоа што во мислите секојдневно и се врти „How Much is that Doggie in the Window?”, хит од 50-тите и нејзина омилена песна од Пети Пејџ.

„Најлошо е навечер затоа што неможам да спијам. Мислам дека ќе полудам“, вели оваа жена. „Повремено звукот е потивок, но како од далечина се слуша „How Much is that Doggie in the Window?”.

Лекарите велат дека ова необична состојба, наречена музичка халуцинација, не може да се излечи.

Рут работела како хигиеничарка во училиште 27 години и научила да живее со ова нарушување слушајќќи смирувачки тонови, како звуци од птици или океански бранови.

[youtube]http://youtu.be/2AkLE4X-bbU[/youtube]

 

Музичките халуцинации може лесно да се помешаат со реалните звуци, особено кога се случуваат првпат. Обично се слушаат кратки фрагменти на едноставни мелодии од нумери кои често ги слушаме како на пример светски хитови.

Минатиот месец поранешниот гитарист и текстописец на групата Oasis, Ноел Галагер откри дека страда од оваа сотојба, а меѓу познатите на листата може да се додадат и Пит Таузенд од The who и Крис Мартин од Coldplay.

- Реклама -