Моторно возило усмрти пешак во близина на Арачиново. По делото, возачот побегнал од местото на настанот.
„На 12.11.2017 година во точно неутврдено време на автопатот-обиколница на град Скопје во непосредна близина на надвозник за с. Арачиново, се случила сообраќајна незгода во која непознато лице управувајќи возило, удрило во пешак коj починал на лице место, по што лицето со возилото го напуштило местото на настанот. Од екипа при итна медицинска помош констатирана е смрт. Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од СВР-Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Институтот за судска медицина за обдукција. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето-возач и возилото“, соопштува МВР.