Групата One Direction очигледно го промени правецот.
Зајн Малик, еден од членовите на популарната британска машка група One Direction, вчера објави дека ја напушта групата која го направи познат.
Во објавата на Фејсбук страницата на групата, Зајн ги објаснил своите причини за напуштањето:
„Мојот живот со One Direction беше повеќе од она што некогаш можев да го замислам. Но, по пет години, мислам дека е вистинско време да го напуштам бендот. Сакам да се извинам на фановите ако со ова некого разочарав, но морам да го направам она што навистина лежи во моето срце. Си заминувам бидејќи сакам да бидам нормален 22-годишник и да живеа мирен живот далеку од јавноста“.
BB пренесува дека останатите членови на групата се тажни што Зајн си оди, но ја почитуваат неговата одлука.
„Зајн ти посакуваме се најдобро во иднина. Ние четворица продолжуваме понатаму. Со нетрпение очекуваме да го снимиме новиот албум и престојната концертна турнеја“, ијавиле сега четиричлената група One Direction.
Но, неговите обожаватели не ја примиле неговата одлука толку лесно, а веќе најдоа некого за обвинување за неговата одлука.
Некои лути фанови ја споредуваат вереницата на Зајн со Јоко Оно, вдовицата на починатиот Џон Ленон, која беше обвинета за распаѓање на Битлси.