Пензионирани кловнови

Кога доаѓа денот забавувачот повеќе да неизлегува пред публика, неизбежно нешто во него се крши.

Повеќе од 40 години школата “Јолинек” во Полска е местото каде што оние кои сакаат да се занимаваат со оваа  професија одат  да се обучуваат.

Со седиште на околу 20 километри од Варшава во срцето на еден национален парк, училиштето беше дом на заедница од над 1500 професори, уметници, кловнови, жонглери, гимнастичари и технички персонал.

Но сега школата е затворена повеќе од една деценија и речиси сите нејзини некогашни членови се пензионирани. Со цел да ја заживее нивната слава,  полскиот фотограф Рафал Милач направил серија портрети на поранешните

кловнови во албум насловена како  „исчезнат циркус”. Од фотографиите се влева  чувство на меланхолија и тага, но и на тивко достоинство.

7 6 5 4 3 2 l

- Реклама -