Сериозно, дали постои нешто што е невозможно кога е во прашање Нутела?
Очигледно не, бидејќи во продолжение ви прикажуваме еден едноставен, и екстремно вкусен рецепт за десерт кој не може а да не го обожавате.
За овие пенливо кремасти и истовремено крцкави колачиња потребни се само две состојки. 250 ml Нутела и четири јајца.
Кремот го топите, јајцата ги матите, мешате се заедно со миксер и добиената смеса ја префрлате во стаклен сад. Оставете да отстои што е можно подолго, па дури и по неколку дена, за текстурата да стане што покрцкава. Ете, толку е лесно и едноставно.
Галеријата подолу детално објаснува за подготовката на колачињата.