Славната актерка им одговори на оние кои се обидоа да ја посрамотат.
Сиот свет говори за една тема – голите фотографии на славните убавици кои излегоа во јавноста! За оние кои што случајно не знаат, непознат хакер објави голем број интимни фотографии на светски убавици меѓу кои се Џенифер Лоренс, Ким Кардашијан, Аврил Лавињ, Ријана, Кристен Данст, Виона Рајдер, а меѓу нив се најде и Кели Куоко, позната како Пени од „Big Bang Theory“.
Но, таа одлучи дека не сака да глуми жртва, па на својот Инстаграм профил објави интересна фотогарфија.
„ Изгледа како да сме заборавиле нешто“, пишува во описот на фотографијата на која што таа и нејзиниот сопруг Рајан Свеетинг се во интересно издание.
Актерката се одлучи да се нашали па ги замагли интимните делови од нивните тела. Фотографијата од својата гола прошетка ја сподели со своите 9,5 милиони фанови, а со тоа им испрати порака на хакерите и на сите оние кои уживаа во скандалот што го потресе целиот свет.