Пејачот е во кома, му скршиле шише од глава

R&B пејачот и актер, Raz-B, пред два дена настрада во Кина откако непознат човек го удрил со шише во глава во еден ноќен клуб. Идниот ден Raz-B завршил во болница и се наоѓа на апарати за одржување во живот.

„Raz е во кома и му е потребна нашата молитва“, изјавил неговиот менаџер за TMZ.

0815-raz-b-wm-3

28-годишниот настрадал при обид да прекине тепачка која избила во текот на неговиот настап во ноќниот клуб. Веднаш после тоа, тој бил пренесен во болница каде му биле сошиени главата и устата и бил пуштен на домашно лекување. Но, откако утрото не се разбудил, неговиот танчер повикал брза помош по што Raz-B бил пренесен во болница.

http://youtu.be/USjrAlYdzUs

- Реклама -