Пејачката на „Mr. Saxobeat“ крвнички претепана

Романската пејачка која се прослави ширум Европа со хитот „Mr. Saxobeat“ го обвини нејзиниот менаџер дека ја претепал бидејќи за прв пат во животот му побарала хонорар.

Иако овој викенд се пишуваше дека таа имала сообраќајна несреќа, 24-годишната Александра Стан за модринките и повредите на лицето го обвини менаџерот Марчел Продан.

„Моите фанови се загрижени и мислат дека умирам. Сакам да знаат дека немав сообраќајна несреќа. Вака изгледам благодарение на Марчел Продан“ изјавила таа во интервјуто за една романска телевизија.

Таа изјавила дека менаџерот два часа ја малтретирал а потоа ја исфрлил од автомобилот.

„Ме удираше и туркаше. Паднав во несвест кога се обидов да му возвратам. Два часа подоцна се пробудив на креветот во студиото. Бев наместена како да спијам. Ме одведе во неговиот автомобил, кој при возење се обидов да го напуштам. Во еден момент тој ја отвори вратата и ме исфрли“, изјавила Александра и додала дека продолжила да трча по улицата и да ги застанува автомобилите кои случајно поминувале.

Менаџерот на романската хитмејкерка се уште нема дадено коментар за овие наводи. Тој ја откри Александра во 2009 година на еден пејачки натпревар. Нејзината летна турнеја во моментов е под знак прашалник.

Погледнете го прилогот од романската телевизија:

http://youtu.be/ZXRVwQmhBSE

- Реклама -