Пејачот од британската рок група Lostprophets е осуден на 35 години затвор заради сексуална злоупореба на деца.
Британската полиција соопшти дека ќе стапи во врска со полицијата од САД и Германија, со цел да се утврди дали извршил слични прекршоци.
Иан Ваткинс, 36 години, минатиот месец беше во судот во Кардиф и признал дека е крив за 13 случаеви со обвинување за сексуално матретирање на деца.
Пред изјавување на пресудата судијата Џон Ројс за Ваткинс кажал дека е манипулатор и „сексуален предатор“ и дека „јавноста, особено девојките и децата треба да се заштитат од него“.
Полицискиот инспектор Питер Дојл вели дека исктрагата покрената против Ваткинс се пронајдени „докази за злоупотреба на деца“, се едни од најмногу го вознемирувачките случаи во својата 28 годишна кариера во полицијата.