Лил Ким, хип-хоп артистката која се прослави по храбриот сексипилен изглед, деновиве повторно беше ставена во фокусот на вниманието откако на 39-годишна возраст стана мајка.
Но, она што го одвлече вниманието од убавата вест, беше промената на нејзиното лице, кое буквално воопшто не наликуваше на нејзината природна убавина.
Нејзината зависност од пластичните операции одамна е позната, но, се чини како да не сопира, и како постојано да се претвора во се побледа копија на она што таа некогаш беше.
Извештачениот изглед на Лил Ким не му се допаѓа речиси на никому, па не би било погрешно да се каже дека пејачката стана дел од групата кои си го уништија лицето благодарение на прекумерните пластични операции.
На наредната страница можете да погледнете како се менуваше нејзиното лице во текот на нејзината кариера.