Постојат илјадници начини за да се приготват компирите, и признаваме дека сме обожаватели на сите нив. Денес, ви прикажуваме еден поинаков рецепт за вашиот омилен зеленчук. Станува збор за печени компири приготвени на начин кој ќе направи оваа вкусна закуска да се топи во вашата уста.
Состојки:
– 8 компири со средна големина, измиени и исечени во коцки
– 120 г. пармезан
– 60 г. лебни трошки
– ¼ чаша маслиново масло
– 2 лажици кари сос (или некој друг ваш омилен зачин)
Подготовка
1. Загрејте ја рерната на 425 степени F.
2. Измијте и исечете ги компирите на коцки. Во тенџере со средна големина ставете вода, додадете ги компирите, и гответе ги околу 10 минути само додека малку не омекнат.
3. Во сад, измешајте го пармезанот со лебните трошки и кари зачинот.
4. Веќе исушените компири компири прелиете ги со маслиново масло.
5. Посипете ги со мешавината од пармезан и лебни трошки, се додека не забележите дека сите коцки се добро посипани со смесата.
6. Печете ги 30 минути во рерна или се додека компирите не добијат златно-црвена боја.