Печен! Џорџ Клуни се вери со адвокатката на Џулијан Асанж

Еден од најпознатите ергени во светот, актерот Џорџ Клуни (52), наскоро би можел да застане пред матичарот.

Извори за списанието People блиски на Клуни, тврдат дека познатиот актер се верил со Амал Аламудин (36), британска адвокатка, која моментално е во правниот тим на основачот Викилик, Џулијан Асанжс.

So in love: Actor George Clooney with Amal Almuddin, 36, on safari in Africa

Наводно, Клуни бил тој кој предложил брак, а изворот тврди дека актерот и неговата поубава половина не сакаат на целиот свет да ја разгласат веста, но не се ни обидуваат да ја сокријат.

– Имам чувство дека на сите луѓе на кој им е драг би сакале да знаат дека ова е вистина, и дека планираат да останат заедно засекогаш- изјавил изворот за списанието.

Until now, Clooney seemed destined to go through life with a mix of models and actresses - until he finally met his match with the UN adviser Miss AlamuddinUntil now, Clooney seemed destined to go through life with a mix of models and actresses - until he finally met his match with the UN adviser Miss Alamuddin

Парот за сега нема конкретни планови за венчавка, а се вериле, тврди изворот, од неодамна. Тие во четвртокот биле видени во Малибу, Калифорнија во друштво на Синди Крафорд и нејзиниот маж Ренди Гербер.

 

Додека вечерале, Амал на Синди и го покажувала вереничкиот прстен на левата рака, тврди друг извор. Исто така, биде видени во еден ресторан во Лос Анџелес како ја прославуваат својата веридба.
Клуни во друштвото на Амал за прв пат е виден минатата година во Лондон.

Освен што е адвокатка на Џулијан Асанж, Амал е и советник на претставник на ОН за Сирија, поранешен главен секретар на ОН, Кофи Анан.

- Реклама -