Британецот Graham Hjuz за четири години го обиколи светот, со што е еден од ретките кои може да се пофалат дека прошетале 201 држава, меѓу кои и Македонија.
Меѓутоа, Хјуц е првиот човек кој го обиколил светот без летање.
Овој 33 годишен авантурист од Ливерпул патувал со автобуси, такси, возови и пешачење, со цел да помине 257 илјади километри за 1.426 дена, и тоа, со многу скромен буџет од 100 долари неделно.
Хјуц ги снимал своите патувања за документарец, започнувајќи со реализација на идејата од 2009 година.
Во декември минатата година ја поминал границата на новосоздадениот Јужен Судан, и отворил шампањ, за да го прослави завршувањето на својата мисија.
Во продолжение погледнете интересно видео од неговата авантура, во кое за секоја земја издвоил по една секунда.
Тој вели дека омилена држава му е Палау, остров во Западниот Пацифик.
Меѓу земјите низ кој поминал, а ги споменува во видеото е и Македонија, како и целиот Балкан.