Бијонсе е позната по љубовта кон дизајнеркста облека и скапите модни додатоци, но ова е една од најскапите работи кои некогаш ги купила.
Имено, таа избрала обувки по цена од 200.000 фунти, на брендот “House of Borgezie“, кои планира да ги носи за потребите на следниот видео спот.
Моделот со името Princess Constellation е украсен со бројни дијаманти, поточно со 1.290 камчиња, а инспириран е од песната на Пол Сајмон “Diamonds On The Soles Of Her Shoes”.
Овие раскошни сандали се дело на британскиот дизајнер Кристофер Мајкл Шелис, основач на брендот, кој со нив нуди и гаранција на 1.000 години.