Парадата на најсексите жени: Еве што нѐ очекува вечерва!

Најавено е најголемо Victoria’s Secret шоу до сега, па 13-ти ноември 2013 година ќе остане во добро сеќавање на многумина. Девојките открија дел од атмосферата…
Адријана Лима, Алесандра Амбросио, Кендис Сванепоел, Дочес Крос, Кари Клос, Дочес Крос… се дел од убавиците кои ќе ги видиме вечерва на Victoria’s Secret шоуто, спектакуларната модна ревија која се одржува секоја година.
Најголемата ревија на долна облека секоја година е и придружувана од најпопуларните музичари, со чии хитови го надополнуваат големото шоу. Годинава честа ѝ припадна на популарната Тејлор Свифт, а освен неа ќе настапуваат Fall Out Boy, A Great Big World и Neon Jungle на чии песни ќе се појават светските топ модели.
Пред самата ревија ангелите на Victoria’s Secret открија дел од она што можеме да го очекуваме вечерва преку Instagram. Подготовките траат веќе неколку месеци за моделите да бидат во топ форма.

0 5 6 7 8 9 10 11 12

- Реклама -