Фотографијата на насловната страница од најновото издание на угледното рокенрол списание е придружена со насловот ‘The times they are a-changin’.
Фотографијата од папата на насловната страница од најновиот број на списанието ‘Rolling Stone’, придружена со насловот „Времињата се менуваат“, алудира на истоимената песна од Боб Дилан.
Во статијата се укажува дека Франческо станал „папа на луѓето и дека има направено заминување од традицијата на Ватикан за застапување на ‘all-inclusive’ пристап кон човековите права.
Интервјуто го правел Марк Бинели, кој водечкиот човек на католичката црква го опишал како кул личност, умешен лидер, ПР експерт и пријател на луѓето.
Ова не е прва насловна страна на која се појавил Папата Франческо. Тој се има појавено и на насловната на италјанското списание Vanity Fair, магазинот Тајм, магазинот Њујоркер и магазинот Адвокат.