Иако има поминато многу години од незаборавната улога во „Baywatch“, Памела покажа зошто и на 46 години е секс симбол.
Во костум за капење на јахта со сопругот, привлекувала внимание на папараците но и на случајните минувачи во Сент Тропе. Актерката со сопругот Рик Саломон уживала на јахтата сончајќи се.
Работејќи на својот бронзен тен, секс бомбата се мазела со својот сопруг на јахтата. Се разбира се „заштитила“ со шик очила за сонце.
Некое време подоцна, со својот сопруг заминала на ручек и пијалок во блиското кафуле на плажата.
Со голем шешир го покрила лицето, но затоа покажала дека и понатаму е згодна како и пред десетина години.