Памела Андерсон посекси од кога и да било

Нејзината слава започна со улогата на секси спасувачка на плажа во серијата „Baywatch“, а Памела Андерсон покажа дека нејзиниот статус на секс-бомба и понатаму не е променет.

Познатата актерка со години беше активна на насловните страници на светски познатите магазини благодарение на заобленото тело и гради кои постојано ја менуваа големината.

Сепак, дури и на 45-годишна возраст, Андерсон во фотосесија за бразилскиот „Vogue“ покажа дека се уште е сопственичка на фигура која претставува сон на секој маж. На фотографиите Памела е облечена во костум сличен на оној кој го носеше во познатата серија од нејзините почетоци, а зад камерата се најде Марио Тестино.

- Реклама -