Падна по скали во емисија во живо – реакцијата на водителот е непроценлива

Сигурно не би сакале да сте во кожата на водителот и комичар Џејмс Корден.

Негова гостинка во вечерашното шоу беше водителката Кети Кориц, но во моментот кога требаше да се појави на сцената, одглуми дека се сопнува и паѓа по скалите.

Но, тоа не беше вистинската Кети туку нејзина двојничка, а Џејмс избезумен започна да бара помош, се додека вистинската Кети не го повика од врвот на скалилата, додека нејзината двојничка лежи на земјата, како во некоја надреална сцена. За среќа ова беше само една прво-априлска шега, од која што најдебелиот крај го извлече водителот.

- Реклама -